март 2010
Три освоени турнира од натпреварувачите на ТК МТП
Зимскиот натпреварувачки циклус започна одлично за натпреварувачите од тенискиот клуб МТП. Покрај одличниот настап на сите натпреварувачи на ТК МТП на четирите одржани турнири, ТК МТП ги слави и им честита освоени турнири на:
Данче Кржовска – победник на Зимското отворено првенство на РМакедонија за јуниорки до 12 години Александра Лозановска – победник на Зимското отворено првенство на РМакедонија за јуниорки до 14 години Обрад Марковски – победник на Зимското отворено првенство на РМакедонија за момчиња до 10 години
Им честитаме на сите наши натпреварувачи за добрата игра, победите во мечевите на четирите одржани турнири и очекуваме дека овие успеси и добрата игра ќе продожат и во иднина. |