:: mkd :: :: eng ::
 

Уживај во Балканската супер пријателска атмосфера!!!
 
 

Скопје е едно од местата со најнизок степен на криминал во Европа.

Скопје е главен град на Република Македонија и има комплетна инфраструктура вклучувајќи ги и повеќето Амбасади од многу држави во светот. Исто така има средни училишта и образовни организации лиценцирани од повеќе интернационални субјекти за образование чија програма се реализира на повеќе светски јазици.

Македонија, а посебно Скопје има централна географска позиција во однос на Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција, каде се организираат повеќе од 20 ТЕ и ИТФ турнири во различни конкуренции. Повеќето од овие турнири се на неколку часа возење со автомобил оддалечени од Скопје.

Скопје е лоцирано 200 км. од Солун, а 400 км. од Белград по автопатот Е-75.

Во Скопје може да се пристигне на повеќе начини ( авион, воз, автомобил или автобус)

Токму поради ова Тениската Академија Марковски & Чубриноски е идеално место за тениска база во Југоисточна Европа.

 
   
   
       
    web design by eXpressive graphics